Јуни во „Виножито“ – месец полн со игра, креативност и авантури

2

Месец јуни во нашата детска градинка „Виножито“ беше исполнет со насмевки, игра, креативност и многу нови доживувања!
Заедно изработивме интересна летачка чинија, уживавме во играње голф, реализиравме забавен воден експеримент, а со голема љубов создадовме и прекрасни летни фенерчиња.


Како дел од нашите еко-активности, веќе искористеното масло го предадовме на Суниленс, учејќи колку е важно да се грижиме за животната средина.


Топлите летни денови ги поминавме во весели летни игри во дворот, се „разладувавме“ со шарени сладоледи од хартија, „отпловивме“ во далечните Хаваи, каде што изработивме прекрасни летни ѓерданчиња од цевчиња.
Овој месец ја запознавме и интересната професија детектив, а со нашите двогледи тргнавме во возбудлива потрага по траги и скриени богатства.


Јуни ни донесе безброј убави моменти, нови знаења и незаборавни спомени. Со радост го испраќаме овој прекрасен месец и со нетрпение ги очекуваме новите летни авантури!🌊🏖🐚🪣🐬