Политика на приватност
Последна промена: 23.12.2021 16:24
Чии податоци собираме:
Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:- Посетители на нашата интернет страна www.gradinkavinozito.mk. Вообичаено собираме податоци за навигација кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб-страна како и за одржување на безбедноста на страната.
- Баратели и други физички лица во врска со поднесување на апликација, и други форми (Барање за упис, Контакт и слично).
- Лица кои бараат пристап до информации од јавен карактер врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. За да се обработат барањата за пристап до информации од подносителите се бара да достават одредени податоци, врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Категории на податоци кои се обработуваат
Податоци за навигација При посетата на нашата интернет страна, се зачувуваат следните податоци:- Вашата интернет протокол (IP) адреса.
- Уредот од кој пристапувате, вид и модел.
- Вашиот оперативен систем.
- Видот на пребарувачот и верзија.
- Страните кои ги посетувате на нашата веб-страница и времето кое го минувате на секоја страна.
- URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната www.gradinkavinozito.mk.
- Јазикот на пребарувачот кој го користите.
- Држава (се одредува преку IP адресата).
- во Барањето за упис: Име и презиме на детето, место на раѓање, пол, адреса на живеење, Име и презиме на таткото и мајката, статус на вработеност на таткото и мајката, Име и презиме од лице за контакт во случај на потреба, контакт телефон и емаил адреса од лице за контакт во случај на потреба, Дали вашето дете за првпат се запишува во оваа ДУ (Да/Не), Дали вашето дете посетувало друга ДУ (Да/Не), Името на установата доколку детето посетувало друга ДУ, Дали на вашето дете му е потребна помош при следните активности (Јадење, Пресоблекување, Миење на раце, Користење на тоалет, Друго), Заокружување која од изјавите најсоодветно го опишува вашето дете (Активно и Темпераментно, Мирно и повлечено, Мирно и срамежливо), Опис како вашето дете реагира кога подолго време се одвојува од вас или други блиски членови од семејстовот и Која програма за престој ја одбирате во нашата установа (Целодневен престој 9-11 часа, Полудневен престој 4-6 часа, Кратка форма 3 часа).
- во Контакт: име и презиме, email адреса, предмет и порака.
Како ги собираме личните податоци
Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи: Категориите на корисници на лични податоци: Активностите на обработка на лични податоци поврзани со on-line услугите достапни преку интернет страната www.gradinkavinozito.mk, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности. Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица.Обработка на личните податоци
Пополнетите формулари чии што содржат лични податоци во делот „Барање за упис“ и Контакт формата се испраќаат по пат на е-пошта, при што истата порака е енкриптирана (шифрирана) преку STARTTLS, што спречува читање на пораката од трети лица освен примачот/ите на пораката. По испраќање на пополнетите формулари чии што содржат лични податоци, истите се обработуваат од страна на одговорно лице. Време на чување на собраните податоци: Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката, односно 60 дена или додека самите автоматски не се избришат. Објавување на лични податоци: На интернет страницата www.gradinkavinozito.mk, може да бидат објавени податоци и фотографии, кои по својата природа се најчесто јавни. Доколку субјектот на личните податоци утврди дека податоците се неточни т.е. сака да бидат корегирани или отстранети од интернет страната, може да побара нивно корегирање, односно бришење согласно со Процедурата за право на пристап, исправка и бришење на личните податоци. Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:- право да бидете информирани за обработката на личните податоци при електронско пополнување на формите за аплицирање (Барање за упис, Контакт и слично),
- право на пристап до личните податоци,
- право на исправка и бришење на личните податоци,
- право на ограничување на обработката на личните податоци,
- право на приговор.
Офицер за заштита на лични податоци:
Татијана Филиповска-Здравеска070/256-953
[email protected]