„Семејството во сообраќајна гужва“ – ден исполнет со смеа, љубов и дружење во „Виножито“

3

По повод Светскиот ден на семејството – 15 Мај, во дворот на нашата детска градинка „Виножито“ се реализираше прекрасна семејна сообраќајна дружба под мотото: „Семејството во сообраќајна гужва“ 🚦🛑🚧


Преку детска смеа, радост, навивање, дружење и забавни сообраќајни активности, децата и родителите заедно испратија силна порака за важноста на семејството, заедништвото и сообраќајната култура уште од најрана возраст. 🚲🛴🛵


Голема благодарност до сите родители за огромниот број на посетеност и активното учество, поддршката и укажаната почит кон нашиот вложен труд во секој воспитно-образовен проект што заедно го реализиравме во воспитната 2025-2026 година. Вашата доверба, соработка и насмевките на дечињата се нашата најголема мотивација и инспирација. ❤️


Горди сме што заедно создаваме незаборавни спомени исполнети со љубов, пријателство и детска среќа. 🌈