Малите еко-херои од „Виножито“ учеа како да ја заштитат природата

6

Во духот на грижата за природата и заедничкото учење, во нашата детска градинка „Виножито“ денес успешно се реализираше третата работилница во соработка со „Суниленс“, во која учество зедоа децата заедно со своите родители.


На работилницата беше презентирана главната цел на овие активности – подигнување на еколошката свест кај најмладите, но и кај возрасните, како и поттикнување на одговорно однесување кон животната средина. Преку фотографии и практична демонстрација, учесниците имаа можност да се запознаат со правилниот начин на собирање и складирање на отпадното масло за јадење, како и со неговото значење за заштита на природата.


Посебен интерес предизвика демонстрацијата на готвење, преку која на едноставен и разбирлив начин се прикажа целиот процес – од користење на маслото до негово безбедно отстранување.


Работилницата заврши во весела и динамична атмосфера со подвижните игри „Исчисти ја реката“ и „Од сончоглед до чиста природа“, преку кои децата дополнително ја зацврстија својата еколошка свест и наученото го претворија во игра.
Огромна благодарност до сите родители кои одвоија време да бидат дел од оваа едукативна приказна и со своето активно учество придонесоа за нејзиниот успех. Посебно сме благодарни за големата количина на веќе искористено масло што беше доставена во градинката – уште еден чекор поблиску до почиста и поздрава околина за сите нас. 🌱♻️🌍🌻🫗🏞