Спортска дружба во „Виножито“ 🌈🐞По повод Светската недела на децата, денес (08.10) во нашата градинка „Виножито“ се одржа прекрасна спортска дружба со дечињата од големите групи од ДГ „Буба Мара“🐞 – објект „Сонце“🌞Поддржани од тренерот Виктор Богдановски и тимот на „Activity Club“, децата уживаа во пет различни спортски полигони, дружење и забава.
🤸♀️🎯Преку игра децата ги споделија и своите знаења за детските права и обврски, а дружењето го заокруживме со размена на подароци.
🎁❤️Заедно играме, учиме, се дружиме и растеме!
🌈💛Учителки Ирена,Кате,Живка и Ивана



























