Денес ја реализиравме “Креативната работилница-изработи играчка од рециклирачки материјали” во која земаа учество и родителите.
Огромна благодарност до нашите родители што одвоија од нивното драгоцено време за да изработат играчка за остварување на посакуваните цели:
- создавање моменти на поврзување со родителите, во поминатото заедничко време со своето дете,правејќи нешто креативно;
- воочување на дечињата дека и сами можат да си направат играчки по сопствена желба;
- Не секој отпад треба да заврши во канта за отпадоци и со самото тоа ја зачувуваме нашата животна средина;
Голема група(4-6)
Воспитувач
Ирена Пројческа Стојановска
Неговател
Катерина Јовевска























