Патронат на ЈОУДГ ВИНОЖИТО Сопиште

2022

На 1 јуни го славиме Меѓународниот ден на детето-Патронат на ЈОУДГ ВИНОЖИТО Сопиште нашата градинка даде можност на секое дете да биде вклучено во воспитно-образовниот систем што означи нов почеток во подобрување на можностите на најмладите.
Празникот потекнува од Светската конференција за прашањата на детското здравје, одржана во Женева во 1925 година.

Во 1949 година, денот официјално е прогласен за Меѓународен ден за заштита на децата, а во 1950 година 1 јуни за прв пат е одбележан во 51 земји во светот.
Правата на децата во нашата земја се остваруваат согласно Конвенцијата за правата на детето на Обединетите нации и законската регулатива во нашата земја.
Благодарност до МТСП и општина Сопиште за нивната посветеност и инвестирање во детската заштита во руралните средини.