Мисија

Детската градинка го унапредува раниот детски развој, ги поттикнува вештините за критичко и креативно мислење кај децата. Децата најдобро учат кога активностите потекнуваат од нивното сопствено искуство и стекнуваат нови знаења и вештини кога ја истражуваат околината.

Градинката е место каде децата имаат можност за воспитно-образовни, спортско-рекреативни, културно-забавни активности, мерки и активности за подобрување и зачувување на здравјето и за поттикнување на когнитивниот, социоемоционалниот, физичкиот и моторниот развој, како и развој на јазикот, комуникацијата и описменување и пристап кон учење.