Историјат

Јавна општинска установа за деца-детска градинка ВИНОЖИТО Сопиште е основана со Одлука за основање на Јавна општинска установа за деца –детска градинка ВИНОЖИТО во Сопиште со архивски број 02-1141/1 од 27.05.2019 година од страна на Советот на Општина Сопиште и Акт за основање бр.02-1140/1 од 27.05.2019 година, Мислење бр. 11-3527/3 од 20.05.2019 година и Решение за вршење на дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст со бр.11-3527/6 од 28.05.2019 година од Министерство за труд и социјална политика.

Објектот е изграден со средства од Грант ИПА 2014 преку Министерство за финансии обезбеден од Светска Банка. Објектот е со седиште на ул.20 бр.1 с. Сопиште, Општина Сопиште, со нето корисна површина од 198,3 м2 и двор од 982,82 м2. Ново изградениот објект е изграден и опремен со средства од ИПА 2014 програма.

ЈОУДГ ВИНОЖИТО Сопиште е со мал капацитет со две (2) згрижувачко-воспитни групи од две (2) до шест (6) годишна возраст на деца, односно до вклучување во основното образование .

Планираниот број на деца кои се опфатени со згрижување и воспитание во детската градинка е до 31 дете, во две хетерогени групи со целодневен престој.

ГРАДИНКАТА ДЕНЕС

ЈОУДГ ВИНОЖИТО Сопиште започнува со работа на 07.10.2019 година, а прием и работа со деца на 01.11.2019 година, детската градинка својата дејност ја остварува во еден објект односно Матичен објект кој е лоциран на ул.20 бр.1 Сопиште.

Проектираниот капацитет на установата е 31 дете , кој не ги задоволува потребите за запишување на сите заинтересирани деца.

Децата се згрижени во две хетерогени групи во ЈОУДГ ВИНОЖИТО Сопиште и тоа:

  • Хетерогена група од 2 до 4 годишна возраст
  • Хетерогена група од 4 до 6 годишна возраст.
Преглед на приватноста
Детска градинка - Виножито

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се: ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-страница и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата ви се најинтересни и корисни.

Неопходни колачиња

Неопходните колачиња треба да бидат овозможени во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.

Колачиња од трета страна

Оваа веб-страница користи Google Analytics за собирање анонимни информации како што се бројот на посетители на страницата и најпопуларните страници.

Одржувањето на ова колаче вклучено ни помага да ја подобриме нашата веб-страница.