Нашитеактивности

ЈОУДГ ВИНОЖИТО Сопиште во малата и големата воспитна група, ги спроведува воспитните активности согласно целите и стандардите за учење и развој на децата во предшколска возраст (од 2 до 6 години).

Во реализација на истите земени се во предвид потребите на децата, нивната физичка подготвеност и средствата со кои располага установата: дидактички материјали, манипулативни игри, спортски реквизити (топки, обрачи, јаже за скокање, душек за гимнастика), конструктивни материјали, бројна литература-бајки, раскази, басни, музички инструменти (ксилофон, дајре, флејта и сл.), играчки во семејно-драмското катче, математички материјали (сметалки,геометриски фигури,картички со броеви), научно -истражувачки материјали ( лупа, магнет и сл).

Нашата крајна цел и достигнување преку извршувањето на активностите се: зајакнување на физичката способност кај децата, правилен раст и развој, стекнување хигиенски и работни навики, правилен говор и комунакација, стекнување на основни знаења во областа на науката (вода, воздух, енергија, светлина), знаења од областа на математиката и социјализација.

Преку поттикнувањето, охрабрувањето, мотивацијата во активностите се тежнее да се добие фидбек од страна на децата – упорност, иницијативност, креативност, самостојност, снаоѓање во простор, зацврснување на социјалните врски (со врсниците и возрасните), а сето тоа пропратено преку примената на домените :

→ ЗДРАВЈЕ И МОТОРЕН РАЗВОЈ
→ СОЦИОЕМОЦИОНАЛЕН РАЗВОЈ
→ ПРИСТАП КОН УЧЕЊЕ
→ ЈАЗИК, КОМУНИКАЦИЈА И РАЗВОЈ НА ПИСМЕНОСТ
→ КОГНИТИВЕН РАЗВОЈ И СТЕКНУВАЊЕ НА ОПШТИ ЗНАЕЊА

Игри и забава

Часови по спорт

Приредби

Основи на броење

Читање и пишување

Работилница

Преглед на приватноста
Детска градинка - Виножито

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се: ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-страница и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата ви се најинтересни и корисни.

Неопходни колачиња

Неопходните колачиња треба да бидат овозможени во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.

Колачиња од трета страна

Оваа веб-страница користи Google Analytics за собирање анонимни информации како што се бројот на посетители на страницата и најпопуларните страници.

Одржувањето на ова колаче вклучено ни помага да ја подобриме нашата веб-страница.