УСТАНОВАТА
- Пред да се отворат установите потебно е да се исчистат и дезинфицираат сите простории во објектите, да се направи чистење и дезинфекција на целата опремата и инвентарот (во занималните, кујните, магацините, пералните, собата за изолација, административните простори и другите простории во објектите), од страна на Локалната самоуправа или од Центрите за јавно здравје да се направи дезинфекција на просторот и дворовите во градинките
- После извршената дезинфекција да се направи проветрување на просториите
- Установата да обезбеди доволна лична заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените
- Установaта да има безконтактен термометар за секој влез на установата
- Установата да обезбеди доволна количина на средства за одржување на општа и лична хигиена, средства за дезинфекција на вработените и просторот
- На влезните врати во објектите да има поставено бариера за дезинфекција
- Хронично болните да бидат ослободени од работа согласно Уредба на Владата која е моментално на сила
- Да им се укаже на вработените за обврската да го следат сопственото здравје и состојбата на децата при прием и во текот на престојот на децата во установата. Вработените да се однесуваат одговорно и да придржуваат кон општите препораки за превенцијата на КОВИД-19 (физичка дистанца и употреба на лична заштитна опрема), на работното место и вон
- Веднаш да се отстранат вработените лица од своите работни мести доколку имаат било какви симптоми на болест
- Да се дезинфицираат прекинувачите, кваките на вратите, мијалниците, масите, столовите на секои два часа во текот на денот;
- Да се бришат повеќе пати во текот на денот подовите во објектот, а теписоните каде што постои можност да се отстранат;
- Активностите во дворот да се реализираат така што ќе се избегне меѓусебен контакт на различни воспитни групи на деца во исто време
- Да се направи распоред за прием на децата по воспитна група и да има 10 минути период за прием помеѓу воспитните групи доколку влегуваат на исти влез
- Да се обележи пред секој влез на објектите растојание од два метри за родители при предавање на деца (само еден родител кој носи заштитна маска)
- Задолжително мерење температура со бесконтактен термометар на вработените при влегување во установа и воведување на задолжително миење на рацете или дезинфекција
- Задолжително мерење температура со бесконтактен термометар на децата при прием во установата и задолжително миење на рацете
- Да се обезбеди растојание од 1,5 – 2м меѓу масите за седење на децата
- Да се обезбеди креветче и по две постелнини за секое дете
Да се стават едукативни постери со препораки за превентивни активности на истакнати места - Вработените задолжително да носат заштитни маски на своите работни места
- Да се врши секојдневна дезинфекција на превозните средства со кои се дистрибуира храна од главната кујна до другите објекти
- Воспитните групи за деца до 2 годишна возраст да имат максимум по 6 деца и двaјца вработени во смена
- Воспитните групи за деца од 3 до 10 годишна возраст да имат максимум по 15 деца и двaјца вработени во смена
- Секој родител да достави лекарска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на своето дете
- Да се организира престојот на децата на таков начин што ќе се избегне меѓусебен контакт на различни воспитни групи на деца (сместени во одделни простории) во согласност со можностите, игрите се препорачува да се организираат што е можно повеќе на отворено во мали групи
- Не дозволувајте собирање и меѓусебни контакти на вработените во заеднички простории
- Лицата кои доставуваат храна задолжително да носат заштитни маски и ракавици, храната за децата да се остава пред занималната, а децата да јадат во својата занимална со предходно направена дезинфекција на масите
- Установата да обезбеди потврда од родителот/ите дека работните задачи задолжително мора да ги извршува/ат на работното место, без можност за работа од дома
ВОСПИТНО/ЗГРИЖУВАЧКИОТ КАДАР
- Секој вработен мора да носи задолжително лична заштитна опрема (маска) кога е на работно место
- Практикување на често миење на рацете и посебно внимание да се посвети на потребата од засилени хигиенски мерки во случај на миење, хранење, држење во рацете на децата
- При јадење не дозволувајте децата да споделуваат храна едни со други
- Не користете играчки што не се перат и дезинфицираат, особено меки играчки (платнени, плишани) истите да се отстранат од групите/занималните
- Не мешајте играчки помеѓу воспитни групи и деца пред да се измијат и дезинфицираат. Воспоставете јасна постапка за миење, дезинфекција и отстранување на чиста и „валкана“ – користена играчка за да го спречите вкрстувањето
- Воведете задолжително миење на рацете на деца при прием и почестo миење во тек на денот, а задолжително после кивање, кашлање, плачење, пред и после консумирање храна и одење во тоалет
- Воведете задолжителен надзор на децата при миење на рацете
- Кога менувате пелени во помалите групи, строго почитувајте ја постапката за одржување на хигиената на рацете пред и после менувањето и отстранување на пелени. После промена на пелена, направете миење на рацете на детето, како и миење и дезинфекција на површини и конечно миење на рацете по постапката
- Кога користите средства за дезинфекција, земете ја предвид правилната примена во согласност со упатствата на производителот во врска со целта, концентрацијата, начинот на употреба и потребното време за контакт
- Средствата за дезинфекција се чуваат надвор од дофат на децата
- Редовно, во согласност со временските услови отворајте ги прозорците, особено во просториите за деца. Не користете вештачка вентилација
- Пасивен одмор – организирајте го спиењето така што децата да бидат поставени на креветите според принципот „нозе – глава“ со препорачано растојание од 1,5 – 2м. Обезбедете единечни кревети и постелнина за секое дете, и истите да бидат обележени со име на детето, строго водете грижа да не се мешаат
- Спроведувајте засилени воспитни активности со деца, со цел да се олесни разбирањето и усвојувањето на новите правила за заштита од вирусите и стварајте навики кај децата за лична хигиена за важноста на често и правилно миење на рацете (минимум 20 секунди – на пр. со песна), кашлање и кивање во подлактицата за просторна дистанца за која треба да се размислува преку игра на деца – ставете ги да седат на растојание едни од други – на пр. да вежбаат да ги истегнуваат рацете и да ги мавтаат со крилјата за да не допрат, да избегнуваат да го допираат лицето и др.
- Контролирајте ги причините за отсуство на деца, контактирајте со родителите, а доколку е потребно и со матичниот педијатар или лекар од надлежниот центар за јавно здравје
- Не спроведувајте организирани групни активности во објектот (настани, итн.), како и организирана посета на места каде што се очекува да се соберат голем број на луѓе (кина, театри и сл.)
- Во случај на здравствени промени кај згрижените деца, треба да се преземе следново:
- во случај на промена во здравствената состојба (зголемена температура)
- изолирајте го детето во просторијата за изолација, веднаш известете го родителот/старателот, доколку детето има температура се препорачува мерењето на температурата да биде со безконтактен термометар, доколку температурата на телото се мери со обичен термометар, потребна е дезинфекција на термометар како и миење или дезинфекција на рацете
- Проверете го здравјето на другите деца во групата и изолирајте ги сите сомнителни случаи
- Во случај на потврда на инфекција КОВИД-19, не го користете местото каде што престојувалo лицето. Да се извести надлежната епидемиолошка служба во ЦЈЗ која ќе даде понатамошни насоки за функционирање на установата
- Се препорачува да се избегнуваат игри и активности во кои има контакти, игри со топки како и размена на лични предмети играчки и слично
Доколку е возможно, децата од воспитната група да го користат исклучиво тоалетот на нивната занимална
Се забранува влегување на други возрасни лица освен одговорните лица на групата
РОДИТЕЛИ
- Родителите при носење на децата во градинка задолжително да имаат заштитна маска
- Да го почитуваат утврденото време за носење на детето во установата како и просторната дистанца при предавање и земање на детето
- Носење и земање на детето од градинка да го врши само еден родител освен во исклучителни ситуации со најава да биде друго лице
- Доколку родителот забележи појава на симптоми кај детето (зголемена температура, повраќање или пролив и др.) да не го носи детето во градинка и веднаш да се консултира со лекар
- Родителот/родителите пред повторно да го вклучи детето во градинката потребно е да достават потврда од работодавач дека работните задачи задолжително мора да ги извршуваат на работното место
- Родителот да обезбеди лекарска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на своето дете