Нашитеактивности

ЈОУДГ ВИНОЖИТО Сопиште во малата и големата воспитна група, ги спроведува воспитните активности согласно целите и стандардите за учење и развој на децата во предшколска возраст (од 2 до 6 години).

Во реализација на истите земени се во предвид потребите на децата, нивната физичка подготвеност и средствата со кои располага установата: дидактички материјали, манипулативни игри, спортски реквизити (топки, обрачи, јаже за скокање, душек за гимнастика), конструктивни материјали, бројна литература-бајки, раскази, басни, музички инструменти (ксилофон, дајре, флејта и сл.), играчки во семејно-драмското катче, математички материјали (сметалки,геометриски фигури,картички со броеви), научно -истражувачки материјали ( лупа, магнет и сл).

Нашата крајна цел и достигнување преку извршувањето на активностите се: зајакнување на физичката способност кај децата, правилен раст и развој, стекнување хигиенски и работни навики, правилен говор и комунакација, стекнување на основни знаења во областа на науката (вода, воздух, енергија, светлина), знаења од областа на математиката и социјализација.

Преку поттикнувањето, охрабрувањето, мотивацијата во активностите се тежнее да се добие фидбек од страна на децата – упорност, иницијативност, креативност, самостојност, снаоѓање во простор, зацврснување на социјалните врски (со врсниците и возрасните), а сето тоа пропратено преку примената на домените :

→ ЗДРАВЈЕ И МОТОРЕН РАЗВОЈ
→ СОЦИОЕМОЦИОНАЛЕН РАЗВОЈ
→ ПРИСТАП КОН УЧЕЊЕ
→ ЈАЗИК, КОМУНИКАЦИЈА И РАЗВОЈ НА ПИСМЕНОСТ
→ КОГНИТИВЕН РАЗВОЈ И СТЕКНУВАЊЕ НА ОПШТИ ЗНАЕЊА

Игри и забава

Часови по спорт

Приредби

Основи на броење

Читање и пишување

Работилница